ОСНОВНА ДЕЈНОСТ


SARIS е компанија посветена на проектирање и изработка на Гео-Информациони Системи (ГИС), вклучувајќи решенија за државни институции и локална управа, геодезија, картографија, катастар, телекомуникации, водовод, транспорт, осигурување и сл. Во сите овие дејности, нуди стандардизирани и специјализирани производи кои овозможуваат прибирање, користење, анализа и експлоатација на ГИС податоци.

Со високо професионален тим, SARIS овозможува потполна подршка за сите MapInfo софтверски пакети, како Developer/Associate партнер на MapInfo за Р. Македонија, вклучувајќи инсталација и одржување на софтверот, изработка на апликативни решенија, обука, проектен менаџмент и консултации. Опремен со најквалитетен хардвер и софтвер за развој на успешни ГИС услуги, SARIS е во можност да одговори на најспецифичните барања на корисникот, започнувајќи од аквизиција на податоци, конверзија на карти/планови со обезбедување на соодветен квалитет на податоците, до дизајнирање на бази на податоци, развој на апликации и подршка на големи и комплексни проекти.